100 нови интернет-продавници

Bez autora
Oct 18 2011

Наредните две години Владата на РМ ќе и помогне на бизнис-заедницата преку отворање на 100 електронски продавници. Проектот "Македонските производи во светот - 100 електронски продавници за 100 македонски претприемачи" ќе го зголемува нивото на електронска трговија во земјава, бидејќи обемот на електронска трговија во 2010 година кај македонските трговци изнесуваше само 80.000 евра, додека кон странските трговци беше дури 1,4 милиони евра. Овој податок, според министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, покажува дека во Македонија нема интернет-продавници каде граѓаните од Македонија, но и од целиот свет, би можеле да купуваат производи и услуги со што ќе се зголеми обемот на оваа трговија. Една од причините за малиот пазар на електронска трговија во Македонија е малиот број на електронски продавници.

100 нови интернет-продавнициНаредните две години Владата на РМ ќе и помогне на бизнис-заедницата преку отворање на 100 електронски продавници.

Проектот "Македонските производи во светот - 100 електронски продавници за 100 македонски претприемачи" ќе го зголемува нивото на електронска трговија во земјава, бидејќи обемот на електронска трговија во 2010 година кај македонските трговци изнесуваше само 80.000 евра, додека кон странските трговци беше дури 1,4 милиони евра.

Овој податок, според министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, покажува дека во Македонија нема интернет-продавници каде граѓаните од Македонија, но и од целиот свет, би можеле да купуваат производи и услуги со што ќе се зголеми обемот на оваа трговија.

- Една од причините за малиот пазар на електронска трговија во Македонија е малиот број на електронски продавници. Не постојат никакви законски пречки за нивно функционирање, единствено нешто што недостасува е техничко предзнаење за целокупниот процес од воспоставување на системот за водење на нарачки до поврзување со процесот за плаќање со кредитни картички - појасни Ивановски.

Во 2012 година ќе се изработат виртуелни продавници за првите 50 претприемачи, кои ќе бидат избрани на конкурс преку презентација на краток бизнис. Најдобрите 50 бизнис-планови ќе добијат можност за отворање на своја интернет-продавница со што ќе ги почувствуваат придобивките од овој начин на работа.

- Компаниите во Македонија преку имплементирање на концептот "електронска трговија" конечно ќе можат да работат според принципот на електронска трговија, а со тоа и да можат да работат неограничено, односно 24/7 преку цела година, се намалуваат режиските трошоци и трошоците за кирија, се обезбедува директен пристап до клиентите со елиминирање на посредниците и се обезбедува продажба во реално време - рече министерот за економија Ваљон Сараќини.

Во рамки на проектот е и изработка на Агрегатор, односно една голема он-лајн продавница за македонски производи кој ќе ги спои сите 100 продавници во една налик на интернет-страницата АлиБаба. Министерот Ивановски напомена и дека во првиот квартал од 2012 година ќе проработи и Пејпал за сите Македонци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik